Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски во декември

 

Продажните цени на производителите на  индустриски производи на домашниот пазар во декември се пониски за 3,7 проценти на месечно ниво, односно за 3,8 отсто на годишно ниво.

Во споредба со ноември, цените се пониски во групата Енергија за 9,6 проценти и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти.

Во однос на декември 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 9 отсто, во групата Капитални производи за 6 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега