Нашите ракометари добија нов автобус

 

Денеска ракометарите добија нов автобус на кој беше испишано само уставното име, а немаше ниту видлива трага од самолепливите ленти со кој беше нашминкан автобусот со кој македонската репрезентација пристигна од аеродромот до хотелот.

Македонската ракометна репрезентација беше непријатно изненадена по пристигнувањето на Светското првенство во Катар. Организаторите ги пречекаа ракометарите со брендиран автобус на кој беше испишано ПЈР Македонија. Ова предизвика револт кај нашата експедиција, а лицата задожени да ги превезат "црвено - црните" од аеродромот до хотелот реагираа брзо и со самолеплива лента ја покрија референцата ПЈР.

Но, денеска ракометарите добија нов автобус на кој беше испишано само уставното име, а немаше ниту видлива трага од самолепливите ленти со кој беше нашминкан автобусот со кој македонската репрезентација пристигна од аеродромот до хотелот.

Izvor: Вечер

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега