Премиерот Груевски на средби со индиски бизнисмени
Премиерот Никола Груевски и владината делегација, која престојува во Индија, денеска ќе остварат повеќе средби со компании во Калкута.
За време на престојот во Калкута премиерот и владината делегација ќе го посетат и Меморијалниот центар „Мајка Тереза“.
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски за време на посетата на Индија можностите за инвестирање во Македонија ги презентираа пред индиските бизнисмени во Џајпур и Ченаи, а во Ахмедабад учествуваа и на глобалниот самит „Вибрант Гуџерат”.
Премиерот Никола Груевски вчера на поединечни средби со големи бизнис компании во Ченаи, Индија ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Дел од нив од областа на земјоделството и здравството изразија интерес инвестирање во земјава и ги анализираат можностите за правење бизнис. Оценија дека Македонија нуди поволни услови за инвестирање, добра инфраструктура, економски зони, добра даночна политика и дека стратегиски е добро лицирана.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа