ВИДЕО: Синот на Роналдо е голем фан на Меси

 

Синот на Кристијано Роналдо без дилеми беше една од ѕвездите на свеченоста во Цирих за време на доделувањето на „Златната топка“.

Кристијано џуниор со својот татко се качи на сцената кога португалскиот фудбалер по трет пат во кариерата ја прими престижната награда, но вниманието го привлече поради убавата средба со Лионел Меси, која се случила по завршувањето на целата церемонија.

Роналдо седеше со членовите на своето семејство кога Меси помина покрај нив. Синот на Роналдо не го криеше своето воодушевување од Аргентинецот, а семејството го натера да стане и да се поздрави.

Постариот Кристијано на Меси му рече:

-Тој често ги гледа снимките од нас двајца на интернет и зборува за тебе.

Иако се големи ривали на теренот, сепак кога не ги носат дресовите на нивните клубови Меси и Роналдо добро се согласуваат.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега