Нови нискобуџетни летови од Скопје до шест светски дестинации

 

Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната авиокомпанија "Визер" за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид за период од 2015 до 2018 година.

Имено, согласно договорот, Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.

Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.

 Билетитете за шестте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во месец февруари.

 Сакаме да потенцираме дека со воведувањето на новите дестинации се отворија можности да се посетат арактивностите што ги нудат овие градови во делот на туризмот, културните и спортски настани, итн.  Она што е значајно за сите граѓани е дека со воведување на овие авионски линии се зголемуваат можностите за патување и до други европски метрополи, кои до сега не беа достапни како дирекни линии и создаваа дополнителни трошоци за патниците, велат од министерството.

Дирекната линија од Охрид до Базел ќе значи зголемување на искористеноста на Охридскиот аеродром како и за привлекување на нови странски туристи, привлекување на странски инвестиции и економски раст и развој на општината.

Само за потсеување дека покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиот период преку Проектот за доделување на финансиска поддршка на нови авиолинии се воведоа директни летови кон: Малме, Базел-Милхаусен, Милано-Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Мемингем-Минхен, Стокхлом, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн, Рим.

Како Влада на Република Македонија создаваме можност граѓаните да патуваат до европските метрополи по поевтини цени и допринесуваме за промоција на земјата како атрактивна локација за инвестирање и привлекување на нови странски туристи, велат од министерството за транспорт и врски.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега