WIZZ AIR со превезени 15,8 милиони* патници во 2014 година

 

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа**, денес објави дека превезе 15,8 милиони патници во 2014 година, што претставува пораст од 17% на бројот на патници од претходната година.
На крајот на годината, авиокомпанијата имаше летови со попуст за 106 дестинации во 37 земји, во вкупно 355 правци. Wizz Air поседува 54 авиони „Ербас А320“, со кои опслужува 18 оперативни бази во 10 земји во централна и во источна Европа. Претходно најавената база во Тузла, Босна и Херцеговина, ќе почне со работа во јуни годинава.

Јозеф Варади (József Váradi), главен извршен директор на Wizz Air, изјави: „2014 беше уште една одлична година за Wizz Air, обележана со опфат на повеќе земји и дестинации во повеќе правци од кога и да било досега. Ние превезовме 2,3 милиона патници повеќе отколку пред една година. Подготвени сме за понатамошен раст на нашата постојана флота, за проширување на мрежата во 2015 година и за превоз на повеќе патници по пониски цени во Централна и во Источна Европа. Се гордееме со нашиот придонес во економскиот развој на пазарите на кои сме присутни и со создавањето нови директни и индиректни работни места, кои се резултат на нашиот раст.“

За Wizz Air

„Визер“ е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа**, а со своите 54 авиони  Airbus A320, со кои нуди над 350 рути од 19 бази, поврзува 106 дестинации во 37 држави. Во „Визер“, тимот од над 2.200 авијациски професионалци нуди извонредни услуги по ниски цени на билетите, што „Визер“ го прават посакуван избор за над 15,8 милиони патници во 2014 година.

*Извор: компаниска информација

 

**Извор: „Иновата“, врз основа на распоредот за заминувачки капацитети за првата половина на 2014 година за централна и за источна Европа, за регион што ги опфаќа Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Унгарија, Косово, Летонија, Литва, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега