ОПГ Груп: Владата ги прави најдобрите можни напори за полесно водење бизнис

Оперативниот директор на ОПГ Груп, Арвинт Гупта, истакна позитивна оценка за поволностите кои ги обезбедува нашата земја и активностите на Владата за промоција на истите.

-Ние како ОПГ сме заинтересирани да инвестираме во Македонија и да изградиме големи термоцентрали. Ние се интересираме за изградба на термални централи и соларни централи во Македонија и нашата компанија е длабоко навлезена во овој бизнис во Индија. Владата ги прави најдобрите можни напори, атмосферата која ја креира овозможувајќи лесно да се води бизнис во Македонија и помагајќи ги стопанствениците да ги развиваат нивните бизнис иницијативи се многу позитивни чекори, особено овозможувајќи режим на ниски даноци и убеден сум дека многу други поради ова би правеле бизнис и би лоцирале капацитети во Македонија, изјави Гупта.

Финансискиот директор на ОПГ Груп, Нарајан Сами ги изрази интересите на својата компанија за инвестиции.

-Управуваме со многу електрични централи во Индија. Ние сме заинтересирани за поставување на термоцентрали во Македонија и тоа е нешто за што дискутираме со Владата на Македонија. Ангажирањето на премиерот и неговата лична вклученост за привлекување на инвестиции во Македонија е многу очигледна денеска и искреноста на целиот тим е забележлива. Мислам дека Македонија е екстремно атрактивна за инвестирање поради пристапноста до европскиот пазар, царинските олеснувања и логистика, како и фактот што трошоците за производство се ниски во Македонија и што Владата има отворен и пријателски однос спрема индустријата, изјави Сами.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега