Во Србија се вози на зејтин- така им е поевтино

И додека цената на горивата во Македонија континуирано се намалува, во Србија се вози на зејтин.

 

Повеќето од возачите од Прокупје, Србија, почнале намесо еуро дизел во своите автомбили да точат обичен зејтин, бидеќи така им е поекономично.

 

Возачите велат дека сончогледовото масло не го оштетува моторот повеќе од горивото предвидено за автомобили, а се одлучуваат за него, бидејќи е далеку поевтино, па најчесто на зејтин своите коли ги возат таксистите или оние кои одат на подолг пат.

-Во Ниш купувам руски зејтин кој чини 86 динари по литар, а литар еуро дизел сега чини 140 динари. Тоа е голема заштеда и кога немам пари се одлучувам за зејтин. До сега повеќе пати сум возел на зејтин, најчесто кога патувам на подалечна дестинација, вели Мирослав Кривачевиќ од Прокупје, за порталот Јужни вести.

-Она за што мора да се води грижа е да не остане зејтин во резервоарот, туку треба да се потроши во „еден здив“. Се поголем е бројот на оние кои користат зејтин во автомобилите, дури и јас еднаш возев така. Лично мислам дека неговата постојана употреба не е баш препорачлива, вели за Јужни вести, автомеханичарот Зоран Бранковиќ.

 

На бензинските станици во Прокупје велат дека прометот им опаднал, бидејќи се почесто се вози на зејтин.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега