Повеќе скопски улици утре без струја

Без струја утре ќе останат корисниците од повеќе улици во Скопје, најави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 9 до 14 часот ез електрична енергија ќе останат дел од улица 35  и старскиот дом во место викано Горно маало во село Волково, од 10 до 13 часот корисниците од улицата „Алекса Дундиќ“ од број 209 - 213 и од 8:30 до 14:30 часот корисниците од улица „Цветан Димов“, „Љуба Ивановиќ“, „Црвени Брегови“ и „Босна и Херцеговина“. Во време од 14 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Кондово, од 10 до 14 часот корисниците од улиците 101, 93 и 95 во село Волково, од 9 до 15 часот, корисниците од улиците „Мариовска“ и „Борис Трајковски“ бр.34, од 9:30 до13:30 часот, корисниците од село Горно Оризари и од 9:30 до 12:30 часот, улиците „Индира Ганди“ и ОУ „26 Јули“ во Шуто Оризари.

Прекинот е заради технички зафат во електро системот.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 15:35
Фото: 
денешен

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега