Тунискиот селектор се огласи по тешкиот пораз
Искусниот селектор на клупата на Тунис, Сеад Хасанефендиќ на средбата со новинарите по мечот се сложи дека Македонија беше подобар и единствен противник кој ја заслужи победата.
-Се подготвувавме за овој натпревар со цел да победиме, но нашиот сон треаше 5-6 минути, ништо повеќе. Македонија има играчи со повеќе искуство, играа одлично во одбрана, имаат големи играчи, ѕвезди. Не можеме да бидеме задоволни од играта, а во следното коло играме со Хрватска, која е уште посилна. Мислам дека нашата игра ќе биде подобра, бидејќи денеска не беше како што посакувам, рече Сеад Хасанефендиќ на прес конференцијата по натпреварот.
Тунижаните утре вкрстуваат со Хрватска, која денеска потешко од очекувањата славеше над Австрија со 32:30.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа