Ќе се унапредува квалитетот на лабораториите во Македонија

Денеска во Охрид, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски официјaлно ќе ја отвори Меѓународната конференција „Квалитет и компетентност 2013“.

Целта на конференцијата, која е организирана од Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ и Институтот за акредитација, е унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите во Македонија преку презентирање на сопствените искуства и разменување на искуства со лабораториите, инспекциските тела и институциите за квалитет од регионот и пошироко. 

најчитано сега