Бездомните кучиња ќе добијат покрив над глава

Општина Македонска Каменица и ветеринарната станица „Дел-вец“ ја стартуваа контролата и третманот на бездомните кучиња.

За да се заштити населението од заразни болести, чии преносители се кучињата, а и поради хуманиот третман на бездомните кучиња воспоставен е функционален систем за контрола на бројот на бездомните кучиња, нивно собирање и сместување во Меѓуопштинскиот стационар во Делчево.

 - За да ја зголемиме безбедноста на месното население и на туристите  од напади на кучиња скитници, а и да ги запазиме меѓународните стандарди за заштита на животните, склучивме договор со ветеринарната станица „Дел-вец од Делчево, чии стручни екипи го вршат собирањето и вдомувањето на подрачјето на општината, изјави Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица. 

најчитано сега