Странските медиуми пишуваат за Карлеуша: Таа е...
Познати странски медиуми повторно пишуваат за славната Јелена Карлеуша.
Стилот на Јелена е пофален во списанието „The Mixx“ кое за неа зборува во суперлатив.
Таа во ова списание е опишана како пејачка, танчарка, тв лице, политички колумнист, филантроп и борец за човекови права, а нејзиниот стил е опишан со следниве зборови:
- Јелена е позната како водечка икона на стилот во Србија, нејзиниот став и вкус за мода се поклопуваат. Секогаш изгледа совршено, а нејзините рамена кои „убиваат“ се совршен детаљ на нејзината гардероба. Она што најчесто го открива е нејзиниот затегнат стомак, напишал новинарот на ова списание.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа