За година- две еврото ќе падне на ниво на доларот?!

 

По одлуката на Европската централна банка од март во финансискиот систем на еврозоната да се инјектираат 60 милијарди евра месечно, еврото во однос на доларот ослабе 1%, а курсот според анализата на Адмирал Маркетс се менува постојано. Швајцарскиот франк пак, зајакна дополнителни 1,5% и за два отсто е посилен од еврото, анализира Лидер.мк.

 

Цената на златото не реагираше и моментално изнесува 1294 долари за унца.

 

Зошто вакви радикални мерки?

Оваа одлука е донесена откако европскиот модел за борба против финансиската криза со помош на радикалните мерки за штедење не донесе резлутат. Тоа може да се заклучи по рекордно високата стапка на вневработеност, многу слабиот економски раст, стаката на инфлација која во последните месеци е негативна, што значи дека еврозоната е во состојба на дефлација, која дополнително ја влошува состојбата во економијата.

Како инјектирањето на пари влијаеше на валутните текови?

Последните неколку години останатите централни банки во многу наврати покренуваа и завршуваа програми за инјектирање на пари во финансиските системи. Влијанието на курсот на валутите секогаш беше ист – кога ќе се покрене програмата или се зголемува износот на пари, валутата секогаш слабееше, а кога се завршува програмата, валутата повторно почнува да зајакнува, анализираат од Адмирал Маркетс.

Што ќе се случи со курсот на еврото?

 

Аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека влијанието на масовно печатење на евра ќе има сито влинаие, како што на курсот на валутите влијаеле гореспоменатите програми. Еврото веројатно ќе продолжи да слабее во однос на останатите светски валути, особено во однос на доларот. Доколку ситуацијата во еврозоната не се поправи брзо и програмата за инјектирање потрае, можно е за една до два години, еврото да падне на ниво на доларот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега