Од понеделник нова цена на горивата во Македонија

 

Регулаторната комисија за енергетика и овој понеделник ќе одреди нова цена на горивата. Последната одлука на Регулаторната комисија беше бензинот и дизелот да поевтинат за 1,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1 денар и изнесува 62,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1,5 денари и е 60,5 денари за литар, додека Дизелот поевтини за 1,5 денари и од  неговата ценаизнесува 51 денар за еден литар.

Се намали и цената на плинот и на компримираниот природен гас. Течниот гас се продава за 28 наместо за досегашните 31, 5  денари за литар, а компромираниот гас поевтини за 5 денари и наместо за  48 се продава за 43 денари за килограм.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега