Владата со 30 милиони денари ќе го подржи учеството на земјоделски саеми
Како што рече денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ова е само продолжување на досегашната позитивна практика која даде одлични резултати. Целта не е да се промовираат одредени компании и нивни производи, туку напротив, да се овозможи групно, заедничко претставување на македонското овошје, зеленчук, вино,...
- Идејата е да се промовира бреднот на македонското земјоделско производство, да се создадат нови бизнис контакти и да се обезбеди поголем извоз, нагласи Ѓорѓиев.
Финансиската поддршка ќе се реализира во две категории: средства за организирано учество на саеми и средства за присуство на таргетирани настани за промоција на македонските вина.
Оваа владина мерка, потсети портпаролот, е дел од проектот креиран во соработка со здруженијата на производители на вино и на овошје и зеленчук, економските промотори и стопанските комори, под патронат на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во 2013 година резултатот од учеството на саемските манифестации и таргетираните настани за промоција беше склучени зделки во изноз од преку 12 милиони евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа