Ќе возиме ли од утре уште поевтин бензин?
Регулаторната комисија за енергетика и овој понеделник ќе одреди нова цена на горивата. Последната одлука на Регулаторната комисија беше бензинот и дизелот да поевтинат за 1,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1 денар и изнесува 62,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1,5 денари и е 60,5 денари за литар, додека Дизелот поевтини за 1,5 денари и од неговата ценаизнесува 51 денар за еден литар.
Се намали и цената на плинот и на компримираниот природен гас. Течниот гас се продава за 28 наместо за досегашните 31, 5 денари за литар, а компромираниот гас поевтини за 5 денари и наместо за 48 се продава за 43 денари за килограм.
Останува да видиме дали од утре ќе возиме уште поевтин бензин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа