Утрово проблеми со Фејсбук и Инстаграм

Корисниците од цел свет на популарните социјални мрежни Фејсбук и Инстаграм утрово имаа проблем, тие немаа пристап до своите профили.

 

Најмногу се засегнати корисниците во САД, Азија и Австралија. 

 

Фејсбук и Инстаграм немаа само проблеми со верзиите за персоналните компјутери, туку беа недостапни и за корисниците преку апликациите за таблети и за смартфони.

Корисниците можеа да видат само постари податоци, додека вчитувањето на новите актуелности беше оневозможено. 

 

Во меѓувреме конкурентскиот Твитер успешно работи.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега