Остана уште еден ден за барање кредит за вработување

 

Микро и малите компании имаат уште еден ден да ја искористат можноста за вработувања со поволен кредит од Владата, пишува Економски.мк.

Преку огласот, кој е отворен уште утре, Владата нуди 3 илјади евра за вработување лице над 29 години и 4 илјади евра за невработени до 29 годишна возраст. Секое претпријатие може да аплицира за најмногу 3 работни места со што вкупната кредитна поддршка достигнува до 9 односно 12 илјади евра.

Кредитот е со рок на враќање од 2 години, со грејс период од една година и со 1% камата. Компаниите треба да функционираат најмалку една година, да имаат најмалку еден вработен и да не го намалиле бројот на вработени во последните 6 месеци.

- Позитивна работа е што при една од овие мерки доаѓа до комбинација на два проекти на Владата. А тоа е дколку мало или микро претпријатие аплицира за кредит за вработување на млади лица и при тоа може да добие до 12 илјади евра за отварање три работни места, за истите тие лица што ќе ги вработи ќе биде ослободен од плаќање социјални придонеси во рок од 12 месеци од работниот ангажман, вели Александар Ѓоргиев, портпарол на владата.

Од Владата велат дека аплицирањето е едноставно, со поднесување на пријава на формулар во Агенцијата за вработување, а дополнителни документи може да се обезбедат подоцна.

Кредитот може да се искористи за вработување на конкретно лице со услов тоа најмалку еден ден да е пријавено како невработено или од агенцијата да се побара список на кандидати согласно потребите на работното место.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега