ФОТО: НАСА објави фотографии од Марс на кој се гледа сенка од човек?!

Контровезите околу тоа дали постои живот на Марс ги подгреа фотографијата која ја објави НАСА а која иде во прилог на тврдењата на теоретичарите на завери дека не сме сами во вселената. 
На фотографиите се гледа нешто како налик на човечка фигура, како го мести роботот „Кјуриосити“ кој врши истражувања на Марс, а сенката која се надвива над роботот, има човечки облик.

Судејќи според фотографијата во прашање е машка фигура, која има одело, не носи кацига, и се гледа дека има кратка коса, а на грбот има боца со кислород.

Едни тврдат дека ова може да биде доказ дека постои живот и надвор од Земјата, додека други се уверени дека „Кјуриосити“, веројатно е на Земјата и дека фотографијата е снимена додека го чистат роботот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега