ВИДЕО: Нова технологија со која ќе се намали бројот на сообраќајките

Научниците од Јагуар развиваат технологија која би можела да ја намали бројката на сообраќајни несреќи во кои актерите се велосипедисти и мотоциклисти.

Често пати, за жал, се случува на патиштата да страдаат велосипедисти или мотоциклисти. Најчесто тоа се случува поради нивно невнимание или пак невнимание на возачите на автомобилите.

Со оглед на растечкиот тренд на популаризацијата на возењето велосипед, односно здравиот живот, постои и опасност од зголемениот број на несреќи.

Токму поради тоа одредени автомобилски компании почнале да размислуваат за тоа технологијата во автомобилите да биде употребена на начин на кој ќе ги предупредува возачите за тоа што се случува во нивното опкружување, а пред се ако на патот се појави велосипедист.

Јагуар почнал да развива технологија, која за сега е наречена „Бајк сенс“(“Bike sense”), кој би требало да биде вградена во автомобилите, а која преку сензорите ќе ги предупредува возачите дека им се доближува велосипедист.

На пример, ако велосипедистот се доближува од една страна во автомобилот ќе се огласи велосипедско ѕвонче и истовремено ќе вибрира седиштето на возачот и педалата за гас.

Покрај тоа, ќе се активираат и светлосни сигнали од страните, ако од таа страна доаѓа велосипедист. Со тоа возачот на автомобилот ќе биде предупреден да не врти на таа страна или да не ја отвора вратата.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега