Важна вест за сите што користат Андроид

Корисниците на Samsung Galaxy S5 од вчера веќе го добија новиот апдејт на Андроид, верзијата 5.0 популарно наречена lollipop.
Кога ќе ја инсталирате оваа верзија на Андроид, ќе добиете комплетно нов телефон. Интересно е што основниот скин е во различни бои, па така, пораките се со портокалова тема, контактите во зелена и токму тоа е она што најмногу им пречи на корисниците на овој телефон.
Новата верзија ја примија и некои уреди на HTC, но главно, најпопуларните паметни телефони на Samsung се уште работат на верзијата 4.4.2
Иако нема официјално соопштение, кога останатите смартфони ќе го добијат новиот апдејт, на сајтовите кои ги следат овие теми пишува дека надградбата на Galaxy S5 e повеќе од добар сигнал дека до крајто на идниот месец, верзијата ќе ја добијат сите уреди кои можат да ја поддржат.
Се очекува Lollipop да добијат Samsung Galaxy S3, Samsung Galaxy S4, Samsung Note 3 и Samsung Note 4.
Кога ќе псритигне верзијата, не заборавајте да направите бекап на сите податоци кои ги имате на телефонот како слики, видеа, контакти и пораки. Имајте предвид дека одредени апликации нема да работат на новата верзија на Андроид.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега