35 милиони денари поддршка за маркетинг на земјоделски производи

 

Владата на РМ ја усвои програмата за финансиска поддршка за амбалажирање на вино и земјоделски производи, годинава за таа намена се издвоени 35 милиони денари.

Финансиската поддршка покрива 20 отсто од трошоците за амбалажа, односно по 6 денари по единица за амбалажирање на вино и по 4 денари по единица за амбалажирање на земјоделските производи.

Амбалажираните призводи, како што нагласи владиниот портпарол,  имаат повисока цена на европскиот пазар, а целта на оваа програма е зголемување на извозот на македонски земјоделски производи.

- Целта на оваа програма е да се дадат финансиски средства за помош на домашните земјоделски компании со цел да се обезбеди што поголем квалитет на нивните производи и на тој начин да се влијае во зголемување на извозот којшто го имаат овие производи на надворешните пазари, и на тој начин да се оствари корист и за самите компании коишто  ги извезуваат производите, а се разбира да се влијае позитивно на девизниот прилив којшто го обезбедува Р.Македонија, како резултат на извозот на земјоделски производи, посочи Ѓорѓиев.

Минатата година за оваа намена беа издвоени 27,5 милиони денари , а како што нагласи Ѓорѓиев, мерката се спроведува неколку години наназад. Во 2012 и 2013 година за флаширање на вино биле издвоени 38,7 милиони денари.

Благодарение на оваа владина мерка растот на извозот на вино по обем е зголемен за 34 отсто, а извозот на амбалажирани земјоделски производи за 10 проценти.

Во 2014 година за првпат е исполнета целокупната безцариснка квота за извоз на флаширано вино во ЕУ, и истата е реализирана заклучно со 8. декември. Минатата година, како што нагласи владиниот портпарол, се извезени над 16 милиони шишиња флаширано вино.

-Сметаме дека на тој начин ќе се придонесе за понатамошно јакнење на овој позитивен тренд на извоз на македонски производи, заклучи Ѓорѓиев.

Финансиска поддршка ќе можат да добијат и винските компании кои претходно го имаат амбалажирано виното. За двете подкатегории односно за амбалажирање на вино и за амбалажирање на земјоделски производи ќе бидат објавени посебни огласи за кои Владата редовно ќе известува.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега