ОНЕ: Нема да се исклучат каналите на Спорт Клуб и Фокс

ОНЕ информира дека гледачите на БоомТВ продолжуваат да ја следат програмата на Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите. Во тек е регулирање на лиценците за емитување согласно новите барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и очекуваме тоа да биде завршено во најкус можен рок, без да дојде до исклучување на споменатите ТВ канали. Со истата постапка работиме и на враќање на Foх Life I National Geoographic каналите.

Од компанијата велат дека ниту еден канал на платформата на БоомТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ и дека на Агенцијата при регистрација на ТВ програмите и се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата како и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која е регистриран.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега