Македонски фармери на Саемот „Zootecnhnia“ во Солун
Во организација на Федерацијата на фармерите на Македонија, 300 македонски фармери денеска ќе го посетат 9. Меѓународен саем за сточарство и живинарство „Zootechnia 2015“ во Солун, Грција.
На саемот земјоделците ќе имаат можност да видат нови технологии кои се применуваат во земјоделството, посебно во сточарството, како и нови раси на животни, машини, услуги и истражување.
Целта на посетата е да се согледаат новите технологии и да се применат во земјоделството, размена на искуства, остварување бизнис средби и соработка со нови пазари.
Zootecnhnia е единствената специјализирана саемска изложба која се однесува на одгледување животни и производство на месо во Грција и на Балканот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа