За македонските тутунари субвенциите им се најголема утеха
Повеќе од половина производство на тутун е откупено од страна на тутунските претпријатија, информираат од земјоделските здруженија, пренесува Лидер. Според Данчо Милевски од Сојузот на тутунопроизводителите, досега се откупени 60 проценти од тутунот, по просечна откупна цена од 119,5 денари за килограм. Милевски за Лидер вели дека временските услови си го направија своето затоа што тутунот не е баш со добар квалитет.
“Околу 60 проценти од тутунот е откупен до овој момент. Според квалитетот оваа година знаете како е со цени има незадоволство, но не може да се пофалиме и од квалитетот тутунот, со просечната цена не може да ги покриеме трошоците што ги вложивме. Просечната цена е 119, 5 денари. Временските услови си го направија своето, се надеваме дека тутунот ќе добие на боја но, времето ќе покаже“ изјави Данчо Милевски, претседател на Сојуз на земјоделци.
Проценката на тутунот е реална – вишок ќе нема
“Динамината на откуп е таква каква што бараме , планираниот вишок ќе го нема оти годинава тутунот се покажа дека е полесен. Не верувам дека ќе има вишок, сигурен сум дека и до последниот лист ке се откупи. За наредната година ќе има измени во Законот за тутун и строго ќе се знае кој производител колку треба да произведе. Задоволен сум од проценката, некаде има негодувања, каде има пари и кавга, но се наоѓа компромис. Проценката е во ред, според квалитетот“ констатира Милевски.
На крајот на февруари треба да стартуваат подготовките за новата реколта,а тутунопроизводителите се надеваат дека новата реколта ќе биде подобра затоа што тутунопроизводството на голем број земјоделци им е единствената егзистеницја. Се надевам со влегувањето на една нова грчка фирма за откуп на тутун, ќе се балансира, а има најави и за влез една француска фирма. Тогаш откупувачите ќе молат да склучат договори“ вели Милевски.
Според сегашната динамика откупот може да заврши и пред законскиот рок, до 15 март. Лошото време на почетокот на месецов, во одредени региони го сопре преземањето, но подоцна фирми продолжија со нормална динамика на откупот.Иако според тутунарите имаше најава дека поради поголемата родност ќе има од 3.000 до 5.000 тони вишок на тутун, фирмите сега ги преземаат сите понудени количества.
Во земјава има 9 компании кои што вршат откуп на тутун.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа