Зошто сите полудеа по оваа стара Нокиа?

Нокиа 8210 им е омилен модел на телефон на луѓето кои се занимаваат со најразличен криминал, но и оние кои сакаат да се скријат од полицијата.

 

Британските медиуми тврдат дека криминалците во Бирмингем се свртеле кон обичните телефони како би ја избегнале полицијата и не ретко се продаваат телефони со мали пукнатинки во замена за овој телефон наместо пари.

 

-Имам три Нокиа 8210 телефони и преку нив полицијата не може да ме лоцира, а и долго им трае батеријата. И верувам на старата Нокиа, изјавил еден дилер.

Овој телефон не поседува ГПС кој се наоѓа во сите смарт телефони, како ни блутут, НФЦ или бежичен интернет. Токму поради тоа овие телефони се популарни и денеска се продаваат како алва.

 

Интересно е што овој телефон денес чини околу 30 фунти, што е многу за технологија стара околу 16 години.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега