Еве колку чини споменикот на Александар Македонски во Скопје

10,49 милиони евра чини споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје. Владата и општина Центар, денеска дадоа детален отчет, колку чини секој од спомен обележјата и сите проекти дел од Скопје 2014.
„Вкупната сума која е потрошена за овој споменик е 10,49 милиони евра. За споменикот на Гоце Делчев и Даме Груев се потрошени 1,54 милиони евра, а авторот Жарко Башевски на име хонорар добил 68.000 евра, а за сите трошоци добил 310.000 евра. Триесет и пет илјади евра за авторски хонорар доби неговиот колега Богоја Анѓелковски за споменикот на Никола Карев“ –изјави поранешниот градоначлник на Центар Владимир Тодоровиќ.
За моделирање комуниалии и за авторскиот труд, скулпторката Валентина Стевановска за споемникот на Александар Македонски добила 649 илјади евра.

Владата излезе со детален отчет во јавноста за Скопје 2014 до најситните точки и детали. Како што беше нагласено, овој проект се покажа како проект со повеќекратна корист. Покрај тоа што обезбеди модерен изглед на главниот град, бенефитот е огромен и повеќеслоен. Скопје 2014 го раздвижи градежништвото и 26 други гранки, а истовремено обезбеди раст на градежништвото за 3,6 отсто, бројот на туристите се зголеми за 54 отсто, со проектот се реализираа многу вработувања и се остварува заштеда на кири. 

најчитано сега