Сорос ја купи Млекара Битола
Контроверзниот инвеститор и милијардер Џорџ Сорос ја купи Danube Foods Group во чија сопственост е и Млекара Битола, пишуваат српските медиуми, пренесува Капитал
Како што соопштува српскиот портал Интермагазин, фирмата Mid Europa Partners, чиј што неофицијален сопственик наводно е Сорос, ја купи Danube Foods Group под чија капа се српските компании Имлек, Млекарница Суботица, Бабми и Књаз Милош, односно млекарниците кои во составот на Имлек работат ширум Македонија, Црна Гора и Република Српска. Со тоа фондот Mid Europa ќе стане газда и на Млекара Битола, чиј газда досега беше српската млекара Имлек.
Андреј Бабаче, директор на Mid Europа, изјави дека Danube Foods Group претставува силна платформа со значаен регионален потенцијал за проширување, нагласувајќи дека истата ги поседува некои од најпрепознатливите брендови за конзумирање во регионот.
Финансиските податоци за трансакцијата се официјално не се обелоденати, но се очекува да бидат комплетирани во првата половина на 2015 година.
Mid Europa Partners е еден од водечките инвестициски фондови фокусиран на Централна Европа и Турција, со седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава. Во изминатите години, фондот ги презеде чешки Т-mobile и „Ceske Radiokommunikace“, словенски LUX Med, полски „Centrum medyczne LIM“ и DISA, односно унгарскиот удел во водечкиот дански провајдер за фиксна телефонија Invitel.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа