Вељаноски, пратениците, обезбедувањето, снимките - сите ќе сведочат за настаните од 24. декември
Според информациите на Канал 5, за настаните од 24. декември ќе сведочат претседателот на македонското Собрание, пратеници, новинари и обезбедувањето.
Снимките од безбдносните камери и аматерските снимки направени од мобилните телефони на пратениците исто така ќе им служат како докази на Ад-Хок комисијата. Претседателот на комисијата, Борче Давитковски вели дека кај членовите во комисијата постои атмосфера за целосно да се расветлат настаните од 24 декември, пренесува Канал 5. Комисијата од утре ќе почне да ги разгледува 500-тини станици стенограми кои собраниските служби ги забележале за инцидентите.
-Имавме трета седница на комисијата со членовите се договаравме за начинот за работа, утре каков ќе биде извештајот, се договоривме што треба да испитаме, препораките и тајмингот до кога треба да биде готова комисија. Најверојатно ќе се селиме во други простори. Од утре не чека работа, ќе работиме по седум саати, вели Давитковски, пренесува Канал 5.
Комисијата сеуште не прецизирала како ќе ги носат и со колкаво мнозинство ќе ги усвојуваат одлуките. Се очекува од среда во Скопје да пристигне делегација од Брисел за да се запознаат со работата на комисијата и да дадат сугестии како подобро да се дојде до вистината. Германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер во интервју за Радио Слободна Европа го поздрави формирањето на комисијата, истакнувајќи дека тоа е добар сигнал за јунскиот самит на ЕУ.
-Во Германија имаме една изрека „сè е добро кога добро ќе се заврши“. Штотуку ја добив пораката дека конечно двете страни во овој конфликт се договориле за комисијата (што треба да ги истражи настаните од 24 декември) и јас сум оптимист дека анкетната комисија ќе почне со работа, а тоа е добар сигнал за јунскиот самит, вели Штајнакер за Радио Слободна Европа.
Ад-Хок комисјата ќе се состанува секој ден до крајот на јули.
ФОТО: Дневник