Хит во Црна Гора: Телефони што „крадат“ струја

Граѓаните на Црна Гора изнајдоа уште еден начин за справување со високите сметки за струја, па почнаа да купуваат смарт телефони со апликција која ја спречува работата на броилото за потрошена електрична енергија, јавија црногорските медиуми.

Телефоните, кои имаат посебен софтвер и инсталирани апликации за намалување на потрошуачката на електрична енергија, се продаваат на неколку затворени групи на социјалните мрежи и форуми.

Продавачот на телефони тврди дека пред продажбата секој купуач може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати, наведува подгоричкиот весник „Дневне новине“.

Корисник на Фејсбук профилот „Продажба на телефони Подгорица“ тврди дека во понудата ја има спомената апликација што ја попречува работата на броилото и на тој начин ја намалува потрошувачката.

Паметните телефони со инсталирана апликација за попречување на работата броилото на одреден корисник се продаваат од 160 до 280 евра во зависност од моделот на телефонот

Покрај телефони со апликацијите за кредење, на социјалните мрежи и форуми се продаваат и други апарати за таа намена.

Цената на апаратите зависи од видот на броилото и се движи од десет до 200 евра. Доколку станува збор за стар струјомер кражбата е полесна, додека кај дигиталните броила, според тврдењето граѓаните, потешко се краде струја, па и соодветните апарти се и поскапи.

Првиот начин кој е делотворен, но за кои трговците тврдат дека е лесно да се открие, е блокирање на работата на броилото со електро шок.

Поскапата опција, ни и најчеста, е купување специјални силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а можат да се нарачат и по пат на интернет. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега