Од понеделник поскапува бензинот во Македонија?

 

Цената на барел нафта порасна во петокот на светските берзи кон 50 долари, поттикната од насилството во Ирак кое ги потисна во втор план скокот на залихите во САД.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 37 центи во однос на претходното затворање, од 49,50 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 42 центи повисока цена од 44,95 долари.

Во Лондон цената на нафтата од средината на јануари се движи во распон од 45 до 50 долари за барел, а во петокот поддршка им пружи и новиот бран насилство во Ирак, каде милитантите од Исламската држава се судрија со курдските сили во близина на Киркурк, регион богат со нафта.

Оваа вест ги потисна во втор план податоците на американската влада од средата за силен скок на залихите во минатата недела, за 8,9 милиони барели, на исклучително висоско ниво од 406,7 милиони барели. 

Високото ниво на залихи во светот сигнализира можност од натамошен пад на цените, напоменува Амрита Сен од лондонски Energy Aspects.

„Со оглед на размерите од зголемување на залихите, цените на нафтата би можеле повторно да паднат“, проценува Сен. „Фундаментите и натаму се слаби, со оглед дека сезонските работи на одржување во рафинериите резултираат со зголемување на ионака високото ниво на залихи“, појаснува Сен.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) во овој месец предупреди дека закрепнувањето на цените би можело уште некое време да причека и покрај зачестените сигнали за забавување на надолниот тренд на цените, вклучително и на намеленото американско поизводство од шкрилци и поголема побарувачка. 

Сепак, ако се има предвид дека цените кај нас се формираат врз основа на двонеделниот просек, нема да биде изненадување ако во понеделник не дочека благо зголмување на малопродажните цени. 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега