Турски компании заинтересирани за бизнис соработка со Македонија
Денеска во Македонија ќе пристигнат дваесетина турски компании од Асоцијацијата на бизнисмени Тумсиад кои сакаат да остварат деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
Македонско-турскиот бизнис форум и деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Македонија.
Асоцијацијата на бизнисмени Тумсиад брои над 12.000 членки и 54 филијали во Турција и 3.000 членови и седум центри низа цела Европа.