Издадени 305 одобренија за градење во декември
Во декември минатата година се издадени 305 одобренија за градење што е за 27,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од 2013 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.472.932.000 и е за 36,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 207 (67,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 30 (9,8 проценти) за нискоградба и 68 (22,3 проценти) за реконструкција.
Од вкупно 305 објекти, на 213 (69,8 проценти) инвеститори се физички лица, а на 92 (30,2 проценти) деловни субјекти. Предвидена е изградба на 795 станови со вкупна корисна површина од 64.441 метри квадратни.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа