Бизнисмени од Њујорк се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија
Владина делегација, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска учествува на бизнис форум во Њујорк.
Бизнис форумот е организиран во соработка со магазинот Форбс и претставува одлична можност за претставување на условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија, соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски.
Во состав на владината делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
Оцени ја веста
06.02.2015 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа