Алушовски го одигра последниот натпревар: Ви благодарам јунаци македонски!

 

Стевче Алушовски за кој натпреварот против Португалија беше последен во неговата долга и богата кариера, се заблагодари и на соиграчите и на фановите за поддршката која ја добивал со години од нив.

-Сакам да им се заблагодарам на најблиските, на моето семејство и да им се извинам што сиве овие години не бев дома за семејни прослави, родендени...Благодарам до претседателите на клубовите во кои сум играл, благодарност до селекторите и тренерите, до оваа прекрасна публика и секако до овие јунаци македонски. Дресот на Македонија секогаш го носев со чест и задоволство и ми беше светост на овие одиграни 245 мечеви. Горд сум што дадов мал придонес за ракометот на оваа мала земја во која има луѓе со големо срце, изјави Алушовски.

ФОТО: Дневник 

најчитано сега