Дождот направи хаос на патот кон Средно Водно - екипите на терен

Екипите на јавното претпријатие “Улици и патишта” работат на расчистување на одронот на патот за Средно Водно, во близина на паркингот на Средно Водно што настана по вчерашните обилни врнежи од дожд, информират од Град Скопје.

Оттаму нагласуваат дека екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје се на терен и ја проверуваат можноста за појава на нови одрони на патот кон Средно Водно, како и на патот од Средно Водно до црквата Свети Пантелејмон.

Градските власти апелираат до сите лица кои се движат по овие патишта да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот и посочуваат дека Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја прати состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега