Германија заинтересирана за македонско грозје, јаболка, пипер и домат
Инвестирањето во технологија, иновации и нови хибридни сорти се потребни за влез на европските пазари, велат агробизнисмените од Македонија кои деновиве учествуваа на саемот „Фруит логистика“ во Берлин.
Тие ја гледаат Германија како пазар со голем потенцијал за македонските производи. Посебен интерес, како што нагласуваат, има за јаболки, грозје, лубеница, краставици, пиперки и домати.
Земјоделците на саемот се запознаа со најновите технолошки достигнувања и иновациите од областа на аграрот, а остварија и бизнис контакти за соработка. Беше организирана и деловна средба со петнаесет откупувачи на земјоделски и прехранбени производи од Германија заинтересирани за откуп од земјите во регионот.
Земјоделците кои присуствуваа на саемот во Берлин се наградени како најуспешни агро бизнисмени од Прокредит банка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа