Скопјани, пазете каде се паркирате - пајакот „здипли" 90 возила

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје, од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 49 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Панајот Гиновски“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

Во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата денеска со почеток во 18 часот и 30 минути ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Војводина. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

09.02.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега