Владините проекти ја намалуваат невработеноста - позитивни резултати во Дебарско
Владините проекти, како што се оној за вработување со самофинансирање, вработување млади до 29 годишна вораст, инвалидизирани лица и друго, овозможија поголем број невработени лица во Дебарско да добијат работа.
Според Афет Авмедонски,раководител на Бирото за вработување во Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, интерес и понатаму постои: - Со Програмата за самовработување, која почна да се реализира во 2007 година вработени се повеќе од 200 лица, регистрирани се 132 правни субјкети,од кои активни се дури 95 отсто, што сметаме дека е за поздравување. Главно станува збор за занаетчиска дејност, потоа дел се од земјоделка и сточарска дејност и други, вели Авмедоски.
Што се однесува до другите владини програми кои даваат поволности за работодавачите, меѓу кои и вработување лица до 29 годишна возраст, лани вработени се педесеттина лица, а воедно, минатата година од вкупно пет инавлидизирани лица колку што се во евиденцијата на Бирото, едно било вработено благодарение на поволностите кои ги добива работодавачот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа