Подметнат пожар однесе „Лада“ и две гаражи
Ноќта во саботата, во селото Селце Кеч-тетовско, во гаражата на 30 годишниот Ф.И. бил подметнат пожар. Како што информираат од МВР, засега непознатo лице со запаллива течност предизвикало пожар во автомобил „Лада нива“. Возилото целосно изгорело, а пожарот ги пеплосал и гаражата на Ф.И., а и гаражата на соседите.
Пожарот е локализиран и се преземаат мерки за откривање на сторителот.