Колач подготвен за само 30 секунди
Ако сте и вие една од оние личности кои ги сакаат слатките и воедно сакате да се храните здраво, тогаш овој колач би можел да биде вистинско решение за вас. Притоа, не само што е здрав, туку е и толку едноставен за подготовка што и вашето дете би можело да го подготви.
За подготовката на овој колач ви се потребни само две состојки: една банана и една чаша овесни снегулки.
Излупете ја бананата и ставете ја на чинија. Додадете ги овесните снегулки. Ако сакате може да додадете и суво овошје, како на пример суво грозје. Сето ова промешајте го и гмечете со рака додека да се соедини. Потоа, смесата која сте ја добиле се обликува во кругови или во облик кој вас најмногу ви одговара.
Колачите може да ги испечете на два начина – во микробранова печка и во рерна. Ако колачите ги печете во рерна тогаш потребно е да ги оставите од 15 до 20 минути на температура од 170 степени Целзиусови, додека во микробранова печка е доволно да ги оставите од 30 секунди до една ипол минута и притоа водете сметка да не изгорат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа