Измените на Законот за хонорарите бенефит за многу работници
Измените на Законот за хонорарците ќе придонесат за подобрување на законот и од нив бенефит ќе има огромна маса на луѓе, изјави денеска Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.
Одговарајќи на новинарско прашање, Митревски оцени дека е добро тоа што нивните предлози се прифатени и оти ќе придонесат за подобрување на законското решение.
- Добро е тоа што модалитетите што ги предлагавме со Организацијата на работодавачи се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законот, рече Митревски, додавајќи дека уште од самиот почеток дале поддршка на потребата од донесување на едно вакво законско решение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа