Нови работни места - се отвараат фабрики за дрвени палети и конфекција

 

Три од петте понудени локации во индустриската зона во Пехчево се продадени. Една е наменета за стовариште на градежни материјали, а на две ќе се градат фабрики за производство на дрвени палети и на конфекциски производи.

- Економскиот развој на Пехчево покрај изградбата на туристички капацитети го гледаме и во најавената изградба на неколку фабрики од лесната и незагадувачка индустрија од областа трудоинтензивните дејности, какви што се преработката на дрво и текстилот, изјави градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

Toj информира дека локациите во индустриската зона се продадени по едно евро од метар квадратен, со што општинскиот буџет ќе оствари скромен приход, но бенефитот се очекува да дојде подоцна со плаќање на комуналии и со зголемување на вработеноста во општината. 

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега