Се судрија Џип и Мерцедес кај Ново Село - гостиварчанка го загуби животот

 

Денеска во 13 часот и 15 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево,во близина на гробиштата во Ново Село, 59-годишна гостиварчанка го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа.

До несреќата дошло кога автомобил марка џип „Ландровер“ со странски регистерски ознаки, кој се движел кон Маврово, управуван од страна на 73-годишниот И.Х. од Речане и „Мерцедес“ со прилепски таблици, што се движел кон Гостивар, управуван од страна на 24-годишниот Р.А од Долнени се судриле, при што во судирот возачот на џипот и 59-годишната сопатничка Љ.И. се здобиле со тешки повреди и биле транспортирани кон скопските клиники, но за жал гостиварчанката им подлегнала на повредите на патот кон болницата.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

најчитано сега