Македонија и Косово ќе ја унапредуваат економската соработка
Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денеска во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.
Меморандумот ќе ја потврди заедничката желба за промовирање на соработката и унапредување на економските односи меѓу Македонија и Косово.
На средбата во Приштина ќе присуствуваат бизнисмени од Македонија, Бугарија и Косово, а интересите за инвестирање во двете економии ќе ги презентираат членки од Стопанската комора на северозападна Македонија и бугарски компании.