Македонија и Јапонија – преку билатерална соработка до успех во бизнисот

 

За време на службената посета во Јапонија, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска и претставник на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, остварија средба со Јукио Хамамото, директор за интернационална соработка во министерство за економија, трговија и индустрија на Јапонија. 

На средбата разговараа за можностите за интензивирање на соработката.

-Билатералната соработка и институционалното поврзување, е од големо значење за успех и пробивање на компаниите од нашата земја на странските пазари. Сметаме дека тоа е најсоодветен модел за квалитетно воспоставување на темели за идна соработка, изјави Арсовска.

Таа додаде дека инвестициските можности што ги нуди Република Македонија за јапонските бизнисмени се порта за влез и етаблирање на нивниот бизнис во европски рамки. Од досегашните средби со претставници од јапонски компании и асоцијации, најголем интерес пројавиле за инвестииции во земјоделството, производството на храна и вино, автомобилските делови.

Во Јапонија, ССК и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ги разгледаат можностите за зголемување на трговската размена, соработка на компаниите од двете земји, како и реализирање на конкретни проекти преку Јапонија кон целиот Азиски пазар.

 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега