Рецепт: Кромидарник

 

-10 средни парчиња кромид

-5-6 домати

-4-6 јајца

-1-2 големи лажици црвен пипер

-масло за пропржување и зачини по желба

Начин на подготовка: Кромидот ситно се сецка и се пропржува во врело масло додека не омекне. Доматите се сечат на половина и се рендаат во кромидот на крупната страна од рендето.Се промешува, се додава црвениот пипер и се става во тавче да се пече. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не испари течноста. Кога ќе биде при крај се ставаат цели јајца врз смесата од домати и кромид и се допекува додека не се стврднат по желба. Ако сакате жолчката да остане мека и течна, ќе внимавате помалку да се пече. Бројот на јаца зависи од бројот на лицата за кои што се приготвува ручекот. Лесно, брзо, вкусно и рецепт кој всушност се приготвува од око и никако не може да се утне.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега