Идиотизмот нема граници: Скопјанец се фрлил под автомобил за да земе пари од осигурување
Тројцата скопјани Ј.С.(44), С.Б.(30) и Д.М.(25) си заработиле кривични пријави бидејќи лажно пријавиле кривично дело.
Тројцата скопјани се договориле да фингираат сообраќајна несреќа, па во текот на вчерашниот ден, Ј.С. тргнал со автобус од Скопје за Струмица, а С.Б. и Д.М. се упатиле натаму со автомобил „Форд “. Кога пристигнале во Струмица, Ј.С. излетал пред „Фордот“ и потоа се жалел дека наводно се повредил во пределот на раката.
На скопјанецот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица, каде било констатирано дека повредата на раката е од порано, а не од “сообраќајката“.