Со ловна пушка сакал да ги елиминира полицајците - тетовчанец создал хаос во Одри
57 годишниот Д.Т. од селото Одри си заработи кривична пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Попладнето на 17. април годинава, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, полициски службеници се обиделе да го сопрат Д.Т. бидејќи неконтролирано се движел со својата „Опел вектра“, но, тој продолжил да вози и се упатил кон неговиот дом. Полициските службеници се упатиле кон неговиот дом, а Д.Т. во видно алкохолизирана состојба со ловна пушка што ја поседувал нелегално, им се заканувал на полицајците.